Job Raising е најважната кампања во ИАЕСТЕ Македонија. Во текот на оваа кампања целта е да се потпишат што повеќе пракси со македонски компании кои би примиле странски практикант од областа на техничките науки.
Колку пракси потпишеме ние во Македонија, толку пракси ќе добиеме за возврат од останатите ИАЕСТЕ земји во светот.
Првиот чекор што треба да го направите е да го отворите списокот што е долу споделен и да изберете една компанија и да ја контактирате. Доколку знаете некоја друга потенцијална компанија што сакате да ја исконтактирате може слободно да ја допишете во списокот и да ја исконтактирате.
Оние кои веќе имате избрано некоја фирма имате време до 10 ноември 2019 да ги исконтактирате и да го update-ирате статусот на списокот во делот „Статус за 2019“.
Пред контактирање на фирмата задолжително проверете каква фирма е и со што се занимава, и областа во која практикантот може да придонесе. Исто така не го испуштајте делот да проверите какво искуство до сега сме имале со таа фирма.
Доколку имате познаник, или сметате дека полесно можете да потпишете пракса во некоја фирма за која веќе друг член е пишан за контакт, разговарајте со него и договорете се дали заедно ќе ја контактирате или пак тој ќе ви ја предаде фирмата.
Откако ќе ја исконтактирате фирмата треба да пратите мејл и да договорите состанок со истата. Во продолжение се темплејти како треба да изгледа вашиот мејл и што треба тој да содржи.
Барање до нови фирми - треба да се смени име на фирма, година и ваш личен контакт (име, презиме, телефон, мејл)
Барање до стари фирми - треба да се смени име на фирма, година и ваш личен контакт (име, презиме, телефон, мејл)
Барањето треба да го пратите како attach, и соодветно да пишете краток мејл што тоа содржи, има пример подолу.
Годишен извештај - секогаш се праќа по мејл (a се носи и на состанок) за да видат фирмите дека ние всушност работиме нешто, ќе ви покажеме каде стојат извештаите во канцеларија.
Доколку компанијата ви закаже интервју, пишувате мејл за некој поискусен да дојде со вас.
Доколку фирмата одлучи да потпише пракса, земате во вас 2 (два) примероци од ДОГОВОРОТ кој е прикачен, треба да запазите да бидат пополнети сите информации и истиот го носите во барака да го потпише и да му стави печат Претседателот на ИАЕСТЕ Македонија.
Доколку фирмата одлучи да потпише пракса, земате во вас 2 (два) примероци од ДОГОВОРОТ кој е прикачен, треба да запазите да бидат пополнети сите информации и истиот го носите во барака да го потпише и да му стави печат Претседателот на ИАЕСТЕ Македонија.
Првиот договор мора да се потпише, анексот е дополнително ако сакаат праксата да се реализира виртуелно и се работи за друга сума што практикантот би ја добил.
болдирана фирма = лани потпишана пракса,
подвлечена фирма = пред 2 години потпишана пракса
болдирана и подвлечена = и лани и пред 2 години потпишана пракса
ЦРНО/СИВО- не контактирај/или сме имале лошо искуство со таа фирма и фирмата е ставена на црна листа или фирмата е пропадната
ЗЕЛЕНА- потпишана пракса
ЖОЛТА- одобрена пракса, но не потпишана
ЦРВЕНА- одбиена
За поискусните членови, има календар за да додадете термин кога ќе можете да бидете во канцеларија, за да може поновите да дојдат и да ги научите како треба да се исконтактира една компанија.
За да додадете термин во календарот кликнете тука и пишете го името во терминот кога ќе бидете во канцеларија.
И за крај, многу попрофесионално изгледа доколку мејловите се испратени од мејл адреса што е ime.prezime@iaeste.org.mk отколку од 69__1337__slayer69@gmail.com.
Сите полноправни (се надевам) веќе имате Office 365 мејлови (потсетник: се најавувате на outlook.office.com), за другите доколку сакате мејл адреса пишете мејл на finance@iaeste.org.mk каде ќе наведете како сакате да ви биде вашата адреса.